Перез со евро-гол го запре Атлетико Мадрид

Алавес и Атлетико Мадрид ремизираа 1-1 во меч што го одбележа евро-голот постигнат од страна на Лукас Перез на седум минути до крајот на натпреварот. Гостите се наоѓаа на чекор до победа, но поранешниот фудбалер на Арсенал блесна во вистински момент и со фантастичен погодок од далечина спаси бод за домаќините, со првиот гол по пауза од повеќе од 500 минути игра на Алавес против Атлетико.

По здодевното прво полувреме, страстите се разгореа во последните 20 минути од натпреварот. Атлетико прв поведе преку „резервистот“ Мората со првиот шут на гостите во рамките на голот на Алавес. Само една минута подоцна Мората и Кореа промашија „зицери“ за втор гол во ситуации „еден на еден“ со домашниот голман, а казната стигна со феноменалниот погодок на Перез, што ни Облак не успеа да го запре.

Се вчитува...