Перез со „рампа“ за Зидан: Да си го заборавиш Погба!

По онаа пропуштена можност минатото лето Реал Мадрид во своите редови да го доведе Пол Погба, Зинедин Зидан во јануарскиот преоден рок повторно во акција да го убеди Перез за ангажман на францускиот репрезентативец. Но, очигледно, повторно од тоа нема да има ништо…

А, „виновник“ е најверојатно 21-годишниот Федерико Валверде кој оваа сезона полека се наметнува како еден од главните играчи на Реал. Цената на Валверде за само 11 месеци скокна на 50 милиони евра.

Перез и неговите соработници веруваат дека Валверде е иднината на Реал па не им паѓа на памет да го купуваат ужасно скапиот Погба.

„Зидан повторно ќе се обиде да го убеди Перез за Погба, но тоа моментално нема шанса да се реализира затоа што Реал има многу поголеми приоритети на кои би потрошил пари. Зидан повторно нема да го добие омилениот фудбалер“ – пишува „Ас“.

Освен тоа, Перез разработува тактика како на „Сантијаго Бернабеу“ да го донесе Килијан Мбапе. За него ќе мора да издвои најмалку 200 милиони евра, а уште 150 милиони за Погба би биле премногу.

Се вчитува...