Перез тргнува во акција: Со засилување од 100 милиони ги решава проблемите со стоперската позиција

Оваа сезона како никоја досега, Реал Мадрид имаше еден куп проблеми на стоперската позиција. Праоди многуте повреди, ретко кога тренерот Карло Анчелоти имаше цел стоперски тандем здрав, а сега најново е што се повреди Антонио Ридигер. Едер Милитао одамна го нема поради повреда, Давид Алаба и натаму не е целосно подготвен за цел натпревар, па така газдата на „кралевите“ Флорентино Перез сака да ги реши овие проблеми на подолг рок.

Затоа според шпанските медиуми, идното лето ќе тргне по услугите на Вилијам Салиба од Арсенал. И самиот француски стопер изразил желба да игра на „Сантијаго Бернабе“, што му оди во прилог на Перез.

Арсенал за него бара преку 100 милиони евра, пари кои Перез е подготвен да ги даде само да го реши ова болно прашање. Така што може да се очекува спектакуларен трансфер во летниот преоден рок.

Се вчитува...