Перфектната словенска бајка продолжува – „ол-ароунд“ натпревар на Дончиќ за победа против Шпанија

Дрматичниот натпревар помеѓу Шпанија и Словенија од групната фаза на Олимписките игри во Токио им припадна на Словенците кои забележаа победа од 87-95. Поранешната југословенска држава се мачеше на почетокот на средбата, меѓутоа навремено ги консолидираше своите редови и подобро се снајде во самата завршница за перфектен учинок во групната фаза.

Шпанија постојано го контролираше резултатот во првите 10. минути по кои имаше и предност од 24-20. Словенија одговори со подобра игра до крајот на првото полувреме и во еден момент го превзема водството, меѓутоа Шпанците подобро ги заршија првите 20. минути и на полувремето заминаа со предност од 44-41.

Моментумот на Шпанија продолжи и на отварањето на второто полувреме во кое стигна до предност од +12 (55-43), меѓутоа на крилјата на Лука Дончиќ, Словенците целосно се врати во натпреварот и до крајот на третата четвртина стигнаа до негатива од само еден напад (70-68). Изнедначениот натпревар во кој двата тима играа во серии продолжи до самиот крај, а победникот беше одлучен

Чанчар беше прво име во редовите на Словенија со 22 поени, додека Лука Дончиќ одигра „ол-ароунд“ натпревар со 12 поени, 14 скока и 9 асистенции. Рики Рубио ги предводеше Шпанците со 18 поени и 9 асистенции, додека него го следеше Абалде со 14 поени и 4 скока.

Се вчитува...