Периќ: Се надевам дека со помош на фановите ќе избориме пласман во нокаут фазата

Еурофарм Пелистер ќе игра против екипите на Татабања, Ним, Спортинг Лисабон, Кадетен Шафхаузен и АЕК во групната фаза од Лигата на Европа.

Централниот бек на македонскиот вицешампион, Јосип Периќ е задоволен од групата и верува дека може да изборат пласман во нокаут фазата.

„Добивме неколку екипи со кои игравме во претходните години. Задоволни сме од оваа група, па можеме да се надеваме дека ќе минеме понатаму. Мислам дека Французите се најквалитетни, а потоа Кадетен од Швајцарија. Потоа сите останати екипи се тука некаде по квалитет и мислам дека таму мора да ја бараме нашата шанса, но не е исклучено дека можеме да ги добиеме и другите два тима. Фановите во Битола ќе бидат наша дополнителна сила бидејќи минатата сезона игравме пред празни трибини. Сметам дека оваа година ќе биде сосема поинаква приказна“, изјави Периќ.

Се вчитува...