Василис Спанулис денеска и официјално кажа збогум на играњето кошарка, откако грчкиот великан освои се што можеше да се освои на терените ширум Европа.
Спанулис важи за голем пријател на Перо Антиќ од периодот кога македонскиот ас настапуваше за Олимпијакос, двајцата заедно стигнаа до две титули во Евролигата, па првиот човек на КФСМ беше еден од многуминатаа кои му го честитаа пензионирањето на грчкиот плејмејкер.
„Честитки за одличната кариера, ќелавко. Уживај сега брате, заслужено, легендо“, му порача Антиќ на Спанулис, објавувајќи нивна заедничка фотографија на својот инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА