Пероти: Никој не веруваше, но еве ја Рома во осминафинале

Рома си ја заврши „домашната задача“, па со денешната победа над Карабах си го обезбеди пласманот во осминафиналето од ЛШ. Згора на тоа, ремито во Лондон меѓу Челси и Атлетико Мадрид значеше и скок на „волчицата“ на првото место во групата, што би требало да донесе и нешто полесен ривал во нокаут фазата.

Диего Пероти, кој го постигна голот за триумф над Карабах, не го криеше задоволството по пласманот меѓу 16-те најдобри екипи во Европа.

Ова е прекрасен момент за нас. Кога беше ждребот и ги добивме противниците никој не веруваше во нас. Затоа сега сето ова е послатко, Рома оди во осминафинале како првопласирана во групата, и тоа тотално заслужено. Вечерва не беше лесно бидејќи Карабах се бранеше со сите фудбалери во сопствената половина, но работевме напорно, создававме шанси и го постигнавме толку посакуваниот погодок“ – изјави Пероти веднаш по триумфот.

Се вчитува...