Еден од најдобрите фудбалери од Перу, Нолберто Солано е упасен поради кршење на самоизолација. Поради пандемијата од коронавирусот Солано беше едно од лицата кои во Перу беа во самоизолација. Меѓутоа поранешниот фудбалер ја напуштил самоизолацијата за да замине на забава, на која бил уапсен и веднаш однесен во затвор поради кршење на законот.
Солано во Англија настапуваше од 1998 до 2008 година и од 2010 до 2012. Тој најдобрите партии ги имаше во дресот на Њукасл јунајтед, а играше и за Астон Вила, Вест Хем, Лестер и Хал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА