Пешевски донесе триумф на Штутгарт над Миркуловски и Вецлар

Штутгарт за првпат сезонава врза две победи во низа во Бундес-лигата откако тимот на Жарко Пешевски триумфираше на тешкото гостување против Вецлар со минимални 27-28.

Во главна улога беше токму македонскиот репрезентативец, кој го постигна клучниот погодок за 26-28 на две минути до крајот, предност што Штутгарт едвај ја задржа до самиот крај. Имено, Вецлар имаше напад за израмнување, но Чавор не беше прецизен во својот обид, па гостите стигнаа до огромни бодови во битката за опстанок.

Пешевски постигна три гола за својот тим, без ниту едно промашување, додека на спротивната страна Филип Миркуловски го заврши денешниот натпревар со два гола од четири шута кон противничкиот гол.

Се вчитува...