Пешевски и Талески одлични, Миркуловски епизодист во Бундес-лигата

Пикерот на македонската ракометна репрезентација Жарко Пешевски беше најдобар ракометар на неговиот Штутгарт во ремито на мечот против Минден (24-24) во Бундес-лигата. Нашиот ракометар беше најдобар поединец на домашниот тим со стоотстотна реализација (6/6).

Филип Талески имаше одлична партија во убедливата победа на Балинген над Мелсунген од 36-23. Нашиот репрезентативец постигна гола гола со реализација од 60 проценти (6/10).

Филип Миркуловски имаше епизодна улога во поразот на Вецлар на гостувањето кај Бергишер (33-30). Популарниот Жути мечот го заврши со еден гол од четири упатени удари.

Се вчитува...