Пешевски: Одигравме добар турнир, во Вараждин немавме среќа

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонија го заврши настапот на ЕП во Хрватска со две победи едно реми и три порази, сите во главната фаза од шампионатот. Во завршниот натпревар вечерва, македонските ракометари го претрпеа и најубедливиот пораз од Данска (20-31).

„Честитки до репрезентацијата на Данска за денешната победа. Одигравме добар турнир на трите натпревари во Загреб. Во Враждин немавме многу среќа иако се боревме. Сакам да им заблагодарам на нашите навивачи што не поддржуваа во секој момент и во радост и во тага на ова ЕП“ – истакна пикерот на македонската репрезентација, Жарко Пешевски.

Се вчитува...