Пешиќ: Можеби и не е лошо ова што ни се случи во Истанбул…

Српскиот селектор Светислав Пешиќ смета дека неговите избраници можат да извлечат добра лекција од слабото второ полувреме што го одиграа на гостувањето против Турција.

Српската селекција прокоцка „минус 20“ на овој меч во период во кој Пешиќ експериментираше со поставата, за потоа во неизвесна завршница сепак да стигне до посакуваниот резултат.

„Многу важна победа за нас. Првите 20 минути се рецептот – како сакаме Србија да игра на претстојното европско првенство. Одлична одбрана и многу паметен напад. Тоа не е изненадување за мене, знам дека имаме талент во нападот, она на што инсистирам е и во иднина да играме одбрана како во првите 20 минути со Турција. Второто полувреме? Причината што ја загубивме контролата е турскиот состав, кој тргна на ризик, со агресивна одбрана и брзи шутеви се врати во мечот. Можеби е добро што вакво нешто ни се случи токму на последниот меч од подготовките за Евробаскет. Многу е важно што се вративме, не само што покажавме победнички карактер, туку и смиреност во една фанатична атмосфера“, прокоментира Пешиќ.

Се вчитува...