Пешиќ: Не е во ред Србија да ги присвојува медалите на Југославија

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ смета дека земјата на нашиот северен сосед не треба да ги присвојува медалите кои ги има освоено Југославија.

Пешиќ беше Европски шампион 2001 и светски 2002 во заедницата на Србија и Црна Гора, но за претходно освоените медали вели дека подеднакви заслуги имаат и останатите членки на СФРЈ.

„Не е во ред. Дефинитивно не е во ред. Заедно ги освојувавме титулите во СФРЈ и затоа не треба Србија да ги присвои“, изјави Пешиќ.

Пешиќ повторно застана на чело на репрезентацијата на Србија по лошиот резултат кој го имаа под водство на Игор Кокошков на квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри во Токио.

Се вчитува...