Пет години од „чудото Вардар во ЛШ“: Чупиќ го реши ПСЖ, врвот на Европа стана црвено-црн

На денешен ден пред точно пет години Вардар го приреди првото од двете чуда во Келн, откако во две драматични завршници славеше и се искачи на тронот на ракометна Европа.

Барселона беше совладана во полуфиналето со проектилот што во последните секунди го испрати Лука Циндриќ, а супердраматично беше и во големото финале против ПСЖ.

Вардар го имаше последниот напад и играч повеќе, а Раул Гонзалез на тајмаутот „нацрта“ беспрекорна акција, Чупиќ остана сам од крилната позиција и го натера големиот Тиери Омејер на капитулација.

Погледнете како изгледаше тој погодок од прес-ложата во „Ланксес Арената“ во Келн.

Се вчитува...