Пет играчи на мета на Конте: Доколку дојде еден тоа би било фантастично

Смената на тренерското место во Тотенхем не го донесе и очекуваниот „екстра резултат“. Лондонскиот тим и во ерата на Антонио Конте се мачи во домашното првенство, а потфрли и во Конференциската лига каде сеуште виси пласманот во следната фаза.

Со цел подобрување на тимот за вториот дел од сезоната Тотенхем планира да пазари веќе во јануари, а на листата на желби на италијанскиот стратег се наоѓаат пет играчи од кои три настапуваат во Серија А, а по еден во Германија и Турицја.

„Не очекувам дека ќе оствариме пет трансфери во јануари, но доколку дојде еден или двајца тоа би било фантастично“, изјави Конте, најавувајќи ги новите засилувања.

На врвот на листата на желби се наоѓа Николо Барела со кого Конте веќе соработуваше со Интер. Покрај него тука се и Френк Кеси и Душан Влаховиќ, а погледите се насочени и кон играчот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија.Опција е и стоперот на Фенерхабче, Ким Мин-Же кој импресираше со своите настапи оваа сезона.

Се вчитува...