Пет премиерлигашки клуба се заинтересирани за потпис со Тијаго силва кој на крајот од оваа сезона ќе биде слободен играч бидејќи Пари Сен Жермен му соопшти дека нема да ја продолжуваат соработката. Веста за заминувањето на Силва беше објавена минатиот викенд. Неговиот договор формално истекува на 30.јуни, но најавите се дека ќе потпише двомесечно продолжување за да биде во тимот за натпреварите од Лигата на шампионите.
Арсенал, Њукасл, Вест Хем, Евертон и Вулверхемптон се петте клубови од Англија кои покажуваат интерес за купување на Силва кој во ПСЖ имаше одлични осум сезони со седум титули во францускиот шампионат. Сега ќе мора да бара предизвик на другото место со оглед дека спортскиот директор на клубот Леонардо соопшти дека договорот нема да му биде продолжен.
Тијаго Силва со ПСЖ ќе треба да го комплетира настапот во Лигата на шампионите. Тимот се пласираше во четвртфиналето по елиминацијата на Борусија Дортмунд и е во очекување на одлуката на УЕФА околу продолжувањето на натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА