Пет трансфер-бомби за 2018 година

Новата 2018 година почна со реализација на трансферот на Вирџил ван Дајк во Ливерпул, кој стана најскап дефанзивец во фудбалската историја откако „црвените“ платија 85 милиони евра за неговите услуги. Тоа е добра најава за бурниот период што ќе следи, во јануари,но пред се во текот на летото, кога се очекува повторно да се направат низа трансфери над 100 милиони евра, со кои врвните клубови ќе станат уште помоќни со нови суперзасилувања во своите редови. Ова се петте трансфер-бомби кои би можеле да „експлодираат“ во 2018 година.

Алексис Санчез – Манчестер сити

aleksis sancez sam

Пеп Гвардиола го има „пикирано“ Алексис како суперзасилување за дрим-тимот на Манчестер сити, а во прилог му оди и фактот дека договорот на Чилеанецот истекува во јуни 2018 година. Венгер е во дилема дали да го продаде и да заработи барем 35 милиони евра, или да чека тој да си замине како слободен играч на крајот од сезонава. Медиумите објавија дека Санчез веќе ја прифатил понудата на Манчестер сити за плата од 300.000 фунти неделно, а единствената дилема е дали тој трансфер ќе се реализира зимава, или на крајот од сезонава.

Филипе Кутињо – Барселона

kutinjo liverpul sautempton

„Сагата“ на бразилскиот плејмејкер околу преселбата од Ливерпул во Барселона продолжува и во новата 2018 година. Се е јасно, Барса го има „пикирано“ Бразилецот, Кутињо сака на „Камп ноу“, но Ливерпул не сака ни да чуе за продажба на својот најдобар фудбалер. „Црвените“ ќе настојуваат да го задржат на „Енфилд“ до крајот на сезонава, но преселбата на Кутињо во Барселона се чини неизбежна во текот на оваа година. Висината на трансферот е најмалку 150 милиони евра, со што тој би станал и најскап фудбалер во Примера дивизион.

Хари Кејн – Реал Мадрид

ronaldo i kejn

„Бомба“ која во многу работи може да ги реши проблемите на „кралскиот клуб“. Бензема се повеќе е неупотреблив, Роналдо е далеку од топ-форма, па на Флорентино Перез му е јасно дека мора час поскоро да доведе нов голгетер како суперѕвезда на „Флорентино Перез“. Се споменува и Левандовски, но Кејн е далеку подобра опција поради младоста (24 години наспроти 29 на Полјакот) и фактот дека Реал би осигурал врвно засилување за подолг период.

Тотенхем не сака ни да чуе за продажба, но ситуацијата може да се промени доколку самиот фудбалер инсистира на трансфер, а Реал подготви најмалку 150 милиони евра за да ги заинтересира „спарси“ за сериозен разговори. Шансите за трансфер се уште поголеми ако се знае дека „кралевите“ се подготвени да го понудат и Герет Бејл како дел од трансферот, играч за кого Маурицио Покетино има високо мислење и сака да го види повторно во дресот на „спарси“.

Антоан Гризман – Барселона

GRIZMAN MALAGA

Уште една голема желба на Барселона, и тоа желба што е близу до реализација откако Манчестер јунајтед се откажа од трката по овој фудбалер. Гризман е решен да си замине од Атлетико Мадрид, а Барса веќе подготви понуда од 100 милиони евра. Мадридскиот клуб најави тужба поради нелегални преговори, сигурно нема да го продаде Гризман среде сезона во ситуација кога е втор на табелата (Барселона е прва), но Французинот својата иднина дефинитивно ја гледа на „Камп ноу“, крај Меси и Суарез.

Месут Озил – Манчестер јунајтед

ozil arsenal 55

Германецот како и Алексис Санчез е слободен играч на крајот од оваа сезона, и исто како и Чилеанецот е подготвен за преселба во Манчестер, но наместо во Ссити во редовите на Јунајтед. Озил имаше беспорекорна соработка со Жозе Мурињо во Реал Мадрид и сега токму на барање на „специјалниот“ би пристигнал на „Олд трафорд“, како мега-засилување за најтрофејниот англиски клуб. Фактот дека доаѓа без отштета ќе му овозможи на Озил добро да го наплати тоа преку својата плата, за која се шпекулира дека ќе изнесува над 300.000 фунти неделно.

Се вчитува...