Пет трансфери поминаа „под радарот“, а можат да бидат спектакуларни

Преодниот рок во Премиерлигата ова лето го одбележаа неколку спектакуларни трансфери како преминувањето на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити, Садио Мане во Баерн Минхен, Кулиду Кулибали во Челси…, но има и такви кои поминаа „под радарот“, а можат да бидат клучни во новата сезона.

Аналитичарите издвоија пет млади фудбалери кои доколку добро се поклопат во новата средина имаат потенцијал за големи нешта.


Џанлука Скамака – од Сасуоло во Вест Хем

Лондонскиот тим веќе некое време се мачи да го најде вистинското решение во нападот, а ова лето изборот падна на 23-годишниот Италијанец. Скамака во Вест Хем пристигна по одлична сезона во дресот на Сасуоло каде постигна 16 голови и се очекува да биде главно „оружје“ на Дејвид Мојс во битката за висок пласман во Премиерлигата, но и битката за титула во Конференциската лига.


Фабио Виеира – од Порто во Арсенал

Микел Артета успеа да го препороди Арсенал по превземањето во 2019 година, а шпанскиот стартег ова лето стигна до посакувани трансфери со кои ќе цели кон враќање во Лигата на Шампионите. Еден од нив беше и Фабио Виеира, 22-годишникот кој претходната сезона во дресот на Порто постигна пет гола и забележа 15 асистенции. Може да игра на повеќе позиции, во средниот ред, на крило и како лажна деветка.


Свен Ботман – од Лил во Њукасл

Трансферот на Свен Ботман во Њукасл не предизвика „потрес“ во Европа, но 22-годишникот има огромен потенцијал кој може му го даде статусот на клучен играч во тимот со најбогат газда на светот. Англичаните не се „расфрлаа“ со пари ова лето, а притоа составија тим кој може да биде големо изненадување.


Таиво Авонији – од Унион Берлин во Нотингем Форест

Нотингем Форест по подолго време се врати во „елитата“ на англискиот фубал, а намерува таму да остане и во иднина. За таа цел „црвено-белите“ веќе го ангажираа Џеси Лингард кој заедно со Таиво Авонији се очекува да донесе опстанок. Од Англичанецот се очекува да асистира, а од 24-годишниопт нигериски напаѓач кој претходната сезона постигна 15 гола во Германија да продолжи во одлично светло и во Англија.


Чејк Дукуре – од Ленс во Кристал Палас

Ленс претходната сезона беше сензација на француското првенство, а еден од најзаслужните за тоа беше Чејк Дукуре. Дефанзивецот од Мали е силен во дуелите и врши добар притисок на топка, а се очекува да биде клучен играч во одбраната на лондонскиот тим во новата сезона.

Се вчитува...