Пет тренери на скратениот список на Јунајтед – Ги нема ниту Зидан, ниту Покетино…

Манчестер јунајтед се уште е во потрага по тренерот кој треба да го наследи Оле Гунар Солксјер. Се шпекулираше со многу имиња периодов, но на крајот ќе остане изборот меѓу пет тренери кои ќе треба да бидат на чело на „црвените-ѓаволи“ до крајот на сезоната.

Како прв фаворит се наметнува Пауло Фонсека, а во игра се и Ернесто Валверде, Ралф Рагник, Руди Гарсија и Лусиен Фавр. Од раководството на тимот ќе почекаат да помине натпреварот со Челси викеондов, па потоа да одлучат дали Мајкл Керик е достоен да го води тимот во продолжение или едно од овие пет лица ќе седнат на клупата.

Се вчитува...