„Петарда“ од Барса за Леганес, за четвртфинале во кралскиот Куп

Барселона без апсолутно никакви проблеми се пласираше во четвртфиналето на кралскиот Куп во Шпанија, откако во осминафиналната пресметка славеше убедливо со 5-0 против Леганес.

Победата на каталонскиот тим беше најавена во првото полувреме со головите на Гризман уште во 4. минута и Ленгле во 27. минута.

Во второто полувреме за Барса погодија уште и Лионел Меси, во два наврати, и Артур.

Се вчитува...