Петковски, Блажевски, Петров, Пеев, Љамчевски… предводени од Симов ќе го враќаат Вардар во Првата лига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар, под водство на новиот шеф на стручен штаб, Горан Симов денеска на националната арена „Тодор Проески“ означи почеток на подготовките на новиот тим кој ќе треба најтрофејниот македонски клуб повторно да го врати во елитата.

Симов на првиот тренинг располагаше со 30 фудбалери, главно помлади надежи на црвено-црните, но и веќе докажани прволигашки имиња, главно фудбалери кои и во минатото настапувале за Вардар. Од минатата сезона останаа голманот Филип Илиќ, како и офанзивците Филип Петковски и Дејан Блажевски, а во вардаровите редови се вратија Филип Петров, Трајче Стојковски, Оливер Пеев Дарко Стојанов…, како и  Петар Љамчевски, Александар Пановски, Ристе Илијоски…

Како што информираше шефот на стручниот штаб првата фаза од подготовките Вардар ќе ја мине во Скопје, а потоа следи преселбата во Охрид каде ќе следат и пријателски натпревари пред почетокот на второлигашкиот шампионат.

 

Се вчитува...