Петковски: Тука сме, чекаме и веруваме дека ќе се среди ситуацијата со Вардар

Искусниот офанзивец на Вардар, Филип Петковски по крајот на сезоната порачува дека секој поединец во тимот играл до последна капка пот за светиот дрес и покрај сите нервози и притисоци, поради неизвесната судбина на клубот, со кои се соочуваа фудбалерите изминативе есен.

Петковски посакува и верува ситуацијата во клубот да се среди и тимот да продолжи максимално мотивирано и во вториот дел од сезоната.

„Вардар е бренд, институција, гордост… Покажавме што значи да се игра со љубов, како може против притисоци, со лавовско срце и високо крената глава. Игравме за светиот дрес и го дадовме максимумот. Не разочаравме иако многумина се откажаа и не веруваа во нас. Игравме за оние кои беа со нас и за кои вредеше секоја капка пот, сите нервози и притисоци. Тука сме, чекаме, се надеваме, веруваме“ – порачува офанзивецот на црвено-црните кој верува дека ќе се среди ситуацијата со најтрофејниот македонски клуб и на време ќе се почнат подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Но, факт е дека фудбалерите се во длабока неизвесност затоа што се уште актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко го нема со било каков став околу клубот. Се очекува да ги подмири сите долгови како би можел клубот со чиста сметка, онака и како што го доби од Град Скопје, да може да го бара својот иден пат во прволигашкото друштво.

Се вчитува...