Петмина позитивни на коронавирус во Сент Етјен

Францускиот прволигаш Сент Етјен објави дека двајца фудбалери и тројца вработени во клубот се позитивни на коронавирус. Сите се наоѓаат во домашна изолација, а останатите продолжуваат со подготовките за новата сезона.

Тестирани се вкупно 30 фудбалери, 21 член на стручниот штаб и 38 вработени во клубот. Од клубот истакнуваат дека сите биле во карантин што значи дека немале контакт со останатите членови на тимот.

Француската лига беше меѓу првите кои објави крај поради пандемијата од Ковид-19, а новата сезона се планира да почне на 23. август. Сепак, поради целата ситуација со пандемијата се уште овој датум не е наведен како конечен.

Се вчитува...