Петти натпревар на Рома во Серија А без победа

Рома го запиша петтиот натпревар во низа без победа во италијанското првенство откако во 35. коло ремизираше без голови на гостувањето кај Болоња.

Со тоа „волчицата“ испушти нова шанса за престигнување на Милан на петтото место на табелата и до крајот на сезоната ќе чека нова неизвесна битка за излез во Европа. Болоња пак со 47. освоен бод останува на средината на табелата.

Се вчитува...