Пике: Ништо не е готово… Видовте што му се случи на ПСЖ!

Искусниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике вели дека е секогаш повеќе од компликувано да се игра на „Олд Трафорд“ поради што мора да биде задоволен од победата од 0-1 на гостувањето против Манчестер јунајтед во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Доаѓањето тука е секогаш компликувано. Тоа е стадион полн со историја, одлична атмосфера… Тешко е да се победи тука“ – истакна Пике по мечот, и дополни:

„Во второто полувреме останавме цврсти во дефанзивата. Ја искористивме можноста која ја имавме. Детаљите одлучија и сега сигурно ние имаме предност за реваншот. А, дали сме фаворити за пласман понатаму? Видовте што му се случи на ПСЖ. Затоа мора да бидеме максимално концентрирани. Во секој случај одигравме добар натпревар за заслужена победа. Дефанзивно во моментов сме во најдобра форма сезонава…“.

Се вчитува...