Пике обвинет дека профитира на сметка на кризата на Барселона!

Каталонската телевизија ТВ3 во емисијата Онзо со уредникот и водител Луис Канута објави вест која предизвика големо внимание.

Емисијата го критикуваше однесувањето на лидерот на Барселона во големата финансиска криза која ја потресе Барселона. Тие објавија дека капитенот на Барселона пред намалувањето на платата добивал 28 милиони евра годишно и дека формално потпишал намалување на платата, но дека сето тоа е надополнето преку бонусите за лојалност. Така Пике би заработувал од лојалност во времето на најголемата криза во Барселона.

Следуваше жестока реакција на Пике, тој на Твитер ја објави својата платна листа, поточно половина плата. Таа изнесува 2.328.884.39 евра. Значи Пике годишно заработува малку повеќе од 4.65 милиони евра. Тоа е шест пати помалку од износот кој го објави ТВ3.

Пике покрај документот напиша: Луѓето како овој ја користат јавната телевизија да пласираат дезинформации. Еве колку изнесуваше половина од мојата плата за минатата година која ја добив на 30. декември“, гласи пораката на капитенот на Барселона.

 

 

 

Се вчитува...