Пике: Попрво би умрел, отколку да играм за Реал Мадрид

Стоперот на Барселона, Жерар Пике рече дека никогаш не би се осудил да заигра во дресот на Реал Мадрид. Пике мина во младинските категории на Барселона, а во сениорскиот тим е од 2008 година, во интервју за „Ел Хормигуеро“ откри дека попрво би умрел, отколку да игра за „кралевите“.

„Јас во Реал Мадрид е невозможно. Попрво би умрел, отколку да играм за Реал. Не можат ништо да ми понудат“, рече Пике.

Тој откри што сака да работи кога ќе замине во пензија.

„Многу од моите соиграчи ми рекоа дека е тешко кога заминуваш во пензија. Од детство следиш одредена рутина, а потоа се се менува. Мораш да се прилагодиш на нов живот. Тешко е. Фудбалерите не се подготвени на сите тие промени. Веќе со години се подготвувам за пензија, инвестирав во одредени работи. Ќе имам што да работам кога ќе се пензионирам“, рече Пике.

За освојувањето на Златната топка од страна на Меси коментираше дека уште еднаш покажал дека е најдобар на сите времиња.

Се вчитува...