Пике: Сите фудбалери се согласивме на намалување на платите само да се врати Нејмар во Барселона

Барселона и Нејмар изминатово лето направија се Бразилецот да се врати на Камп Ноу. Но, ПСЖ бараше 300 милиони евра за бразилскиот напаѓач па на крајот не бидна ништо.

И сите фудбалери на Барселона се мобилизираа желни да се врати Нејмар, подготвени и да се согласат за намалување на своите плати за да се обезбедат средства за Бразилецот.

„Ние играчите му кажавме на претседателот Бартомеу дека сакаме да ги промениме своите договори и да ги намалиме платите за да дојде Нејмар. Знаевме дека клубот се обидува да собере пари за неговиот трансфер, но беше тешко поради финансискиот фер-плеј“ – вели Жерард Пике.

Но, Бартомеу ја одбил таквата можност…

„Место да ги намали платите, клубот се одлучи за друга формула. Тогаш мислеа дека тоа е добра идеја, а потоа се појавија нови проблеми“ – дополнува Пике.

Се вчитува...