Пике со шокантна одлука: По завршувањето на сезоната се откажува од фудбалот!?

Долгогодишниот член на Барселона, Жерард Пике, наводно донел неочекувана одлука, која им ја соопштил и на Чави и на Лапорта. А таа вели дека се одлучил да стави крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Оваа сезона на Барселона не и цветаат рози, а згора на тоа пандемијата со коронавирусот придонесе и за финснсиска криза во таборот на „Каталонците“. Новиот тренер Чави успеа да поправи нешто, но далеку е тоа од тим кој се бори за титулата во Шпанија, а клубот испадна и од Лигата на шампионите. Токму од тука во Барса ќе мора да стават на продажба неколку играчи, и тоа не е неочекувано.

Но, сега неочекувана е оваа одлука на Пике, а тоа ќе значи дека Барса ќе мора да бара стопер за следната сезона, нешто што ќе удри врз буџетот на овој тим. Сепак, Пике, наводно им соопштил на челниците дека доколку има потреба ќе одигра уште една сезона, ако клубот не може да најде замена, но дека сака да заврши слендоот лето.

Пике има договор до 2024 година, но очигледно сака да се посвети на други работи во животот и подготвен е овој 34-годишен стопер да ги закачи копачки на клин. Пике потекнува од младинската школа на Барса, а по три сезони минати во Манчестер, во 2008 година се врати во Барселона и освои се што можеше да се освои.

Се вчитува...