Пикфорд бранеше зад гол-линијата, Евертон загуби два бода (видео)

Џордан Пикфорд лани направи неверојатна грешка со примениот гол од Ориги во 95. минута на „Енфилд“, но англискиот репрезентативец голман се надмина на вечерашниот дуел против Њукасл, откако реши да брани… зад гол-линијата.

Евертон имаше водство од 2-0 се до 94. минута, а најавени беа две минути судиско продолжение. Њукасл успеа да намали на 2-1 преку Лежен, а потоа „црно-белите“ добија и последна шанса. Се создаде мешаница, а во целата ситуација најсмешен излезе Пикфорд, кој застана половина метар зад гол-линијата и го одбрани ударот на Лежен.

Само што, во Англија постои гол-технологија дали топката ја минала линијата, па судијата веднаш покажа кон центарот, а Карло Анчелоти остана во шок од случувањата во судиското продолжение на дуелот на „Гудисон парк“.

Се вчитува...