Пинг понг: Станојковски и Ристовска државни прваци

СЦ Форца во Скопје повторно на едно место ги собра најдобрите пинг понгари од државата на едно место. Овој пат настанот беше, највисоката форма на натпреварување во поединечна конкуренција, Државното првенство за сениори за 2019 година.

На државното првенство учествуваа околу 90 играчи од сите места од Македонија каде што има клубови. Бидејќи станува збор за натпреварување од отворен карактер оваа година имавме и тројца државјани на Македонија кои живеат надвор од границите на Македонија.

Во машка конкуренција фаворитот Кристијан Станојковски по деветти пат се закити со титулата државен првак и ја оправда улогата на фаворит. Во женска конкуренција иако учествуваа помал број на натпреварувачки, имаше многу поинтересни и неизвесни натпревари. Прворангираната Ива Димитриевска беше поразена во 1/2 финалето од Ана Стојановска во крајно неизвесен натпревар до 4-3.

Во машкото финале Станојковски фуриозно го започна првиот сет и рутински дојде во водство од 1-0, Наредните три сета натпреварот беше рамноправен и Јочкоски воспостави резултатска рамнотежа, после четири одиграни сетови резултатот беше 2-2. Во петтиот и во шестиот сет Станојковски значително го подигна нивото на игра и рутински го заврши натпреварот со 4-2 во своја корист.

Во женското Финале Ристовска лесно поведе против Стојановска со 2-0, но Стојановска во израмнета борба изедначува на 2:2. Сепак Ристовска во последните два сета влегува поконцентрирано, не прави неизнудени грешки и убедливо ги добива петтиот и шестиот сет, за победа од 4-2 за освојување на титулата државен првак.

Изненадува раното испаѓање на Рикалоски Александар, кој беше поразен од ветеранот Љамов, како и убедливиот пораз на Костовски од Младеновски во 1/4 – финалето со 4-0. За трагичар на првенството слободно можи да се кажи дека е Живко Апостолоски кој во два натпревари, машки поединечно и мешани двојки после водство од 2-0 ги изгуби двата натпревари со 3-2. Апостолоски сепак се закити со една титула државен првак во машки двојки заедно со Станојковски.

Следно големо натпреварување во сениорска конкуренција е ТОП 12 турнирот на кој ќе учествуваат најдобрите 12 играчи на ранг листата.

ПЛАСМАН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО

МАЖИ

1. Кристијан Станојковски
2. Ѓоко Јочковски
3. Филип Младеновски, Сашко Богатинов

ЖЕНИ

1. Дијана Ристовска
2. Ана Стојановска
3. Билјана Младенова, Ива Димитриевска

МАЖИ ДВОЈКИ

1. К.Станојковски/Ж.Апостолоски
2. Ѓ.Јочкоски/А.Штаргоски
3. А.Кралев/Ф.Младеновски, Д.Жоговски/Р.Михајловски

ЖЕНИ ДВОЈКИ

1. Д.Ристовска/Б.Младенова
2. А.Стојановска/И.Димитриевска
3. М.Штркова/С.Стојановска, А.М.Димитрова,Б.Михајловска

МЕШАНИ ДВОЈКИ

1. Б.Младенова/Ѓ.Јочкоски
2. Б.Михајловска/К.Томовски
3. И.Димитриевска/П.Костовски, Д.Ристовска/Ж.Апостолоски

Се вчитува...