Пиоли: Ќе биде грешка доколку ја браниме предноста од 1-0 на терен на кој Наполи постигнува по три, четири гола

Милан со предност од 1-0 гостува кај Наполи со цел да обезбеди место во полуфиналето од Лигата на Шампионите. „Росонерите“ одиграа добар натпревар на „Сан Сиро“, но мораат да ја потврдат победата и на тешкото гостување на југот на Италија.

За тоа говореше и тренерот Стефано Пиоли кој вели дека ќе биде грешка доколку неговиот тим се брани против противник кој постигнува по три гола на домашен терен.

„Дефинитивно ќе биде грешка да ја браниме предноста. Наполи долго нема загубено натпревар во Лигата на Шампионите дома, а постигнуваат во просек по три, четири гола против екипи како Ливерпул, Ајакс, Ренџдерс, Антрахт. Во двата претходни натпревари и ние и тие креираа доста шанси така да оној кој ќе има подобра реализација ќе биде поблиску до следната фаза. Ќе биде неверојатно да играме во атмосферата која ќе ја приредат навивачите. Сигурно ќе им даде елан, но ќе не мотивира и нас. Трениравме и пенали како што е праксата за овие натпревари“, вели Пиоли.

Се вчитува...