Пиоли: Ништо не е готово, битката за титулата ќе трае до последен момент

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли филозофски го прифати ремито 0-0 со Торино синоќа. Така „росонерите“ пропуштија важни бодови во битката за Скудетото.

Засега, сепак, тренерот не е загрижен и верува дека борбата за титулата со Интер и Наполи ќе трае до последен можен момент.

„Направивме се што е можно за да ја придвижиме топката и да му пречиме на противникот. Но, Торино е тим против кој е тешко да постигнете гол. Не создадовме многу позиции за гол, но имавме неколку полушанси. Се боревме за секоја топка, одевме на секој дуел, но ни недостигаше малку магија на крајот од нападите. Резултатот беше позитивен, но сакавме да победиме“, изјави Пиоли.

Стефано истакна дека ништо не е готово, па најави дека битката за освојвуање на Скудето ќе трае до самиот крај на сезоната.

„Во последните две или три недели, секогаш кога ќе се каже дека тимот е фаворит за Скудетото, тој греши. Шампионатот е многу неизвесен, секој натпревар е тежок и ништо не ви се дава бесплатно. Пробавме се за да победиме. Знаеме дека можеме подобро, мислам дека не сме нервозни или иритирани, се обидовме да создаваме ситуации, бевме избалансирани и цврсти, знаеме колку се важни овие натпревари, бидејќи со доаѓањето на крајот секој натпревар има се повеќе и повеќе тежина. Ја сакавме оваа тензија, сакавме да бидеме на оваа позиција, па мораме да ја поздравиме. Нашиот тим е млад, но се бориме за нешто посебно. Не сакам да мислам кој е фаворит за Скудетото. Во последните недели луѓето прво велеа дека сме ние, потоа Наполи, па Интер. Според мене битката ќе трае до последниот можен момент“, изјави тренерот.

Се вчитува...