Пиоли потврди: Милан без двајца клучни играчи за градското дерби со Интер

Стефано Пиоли потврди дека Милан ќе биде сериозно ослабен на утрешното дерби со Интер, бидејќи во нападот на „росонерите“ ќе недостигаат Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ.

Двајцата голгетери ја загубија трката со времето и нема да бидат во тимот на градското дерби, дуел на кој Милан не смее да загуби бидејќи во моментов заостанува четири бода зад Интер, воедно и има меч повеќе од „нероаѕурите“.

„Се бориме за да бидеме блиску до самиот врв. Се бориме за титули, за место во ЛШ, најважно е што Милан повторно е конкурентен тим. На дербито со Јуве игравме добро, но ни недостигаа проблеми во завршните дваесетина метри. Сега на ред е Интер, ќе мораме да бидеме подобри во завршниците од акциите. За жал, ќе ги немаме ниту Ибрахимовиќ, ниту пак Анте Ребиќ. Жал ми е за Ибра, тој значително го крена квалитетот на тимот откако ни се приклучи. Сепак, мораме да покажеме дека можеме да добиваме вакви натпревари и без негова помош. Томори работеше напорно и би требало да биде во тимот, но најверојатно нема да стартува од првата минута“, истакна Пиоли на денешната прес-конференција.

Се вчитува...