Пиоли за Леао: Може да биде во стартниот состав, може и воопшто да не биде повикан

Милан ќе го чека Рафаел Леао до пред почетокот на дуелот со Интер. Португалското крило се повреди на дуелот со Лацио, предвреме го напушти теренот, а и натаму е крајно неизвесен за полуфиналниот меч против градскиот ривал кој е на програмата утре.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли зборуваше за Леао, односно објасни дали утре ќе се најде на теренот.

„Не знаеме уште, ќе знаеме буквално пред самиот натпревар. Може да биде во првите 11, може да биде на клупата, а дури може и воопшто да не конкурира за мечот и да не биде повикан“, рече Пиоли.

Се вчитува...