Победата на Милан на гостувањето во Парма (1-3) мина во сенка на исклучувањето на Златан Ибрахимовиќ, кој доби директен црвен картон по една дискусија со главниот судија Мареска. „Росонерите“ и без својот главен играч успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до три бода, но Ибракадабра сега ќе мора да пропушти најмалку две средби на својот тим.
Тренерот Стефано Пиоли по мечот даде краток коментар за инцидентот, откривајќи дека Ибрахимовиќ демантирал дека упатил било какви навреди на адреса на главниот судија.
„Јас не бев присутен, бев далеку од местото на конфликтот, така што не знам што точно било кажано. Од она што го зборував со Златан, тој ми кажа дека не го пцуел, ниту пак го навреди главниот судбија. Тој ми кажа дека извесно време водел дискусија, но не му покажал непочитување и беше шокиран од црвениот картон: Последното нешто што му го кажал било: Значи, не се заинтересиран што имам јас да кажам… Црвениот картон е проблем, но позитивно е што тимот покажа карактер и стигна до победата“, истакна Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА