Пирло доби ултиматум од Јувентус

Андреа Пирло би можел да добие отказ од клупата на Јувентус доколку тимот оствари негативни резултати на натпреварите против Торино и Наполи. Јувентус под водство на Пирло игра исклучително лошо. Лесно може да се случи Јуве да остане без трофеј, што секако би бил жесток удар за италијанскиот шампион.

Според „Газета дело Спорт“, управата на „Старата дама“ поставила ултиматум на Пирло, неговата иднина зависи од тоа дали ќе оствари победи против Торино и Наполи, па овие натпревари се одлучувачки за судбина на Андреа во клубот.

Доколку Пирло биде отпуштен од клупата на Јуве, неговото место ќе го заземе хрватскиот селектор Игор Тудор, кој моментално ја има улогата на негов асистент. Тудор би бил решението на Јувентус до крајот на сезоната, а клубот во овој период ги разгледува сите потенцијалните кандидати за тренерската позиција.

Јувентус во моментов е трет на табелата во Серија А со десет бода помалку од водечкиот Интер, тие се елиминирани од Лигата на шампионите, но ќе играат во финалето на Купот на Италија.

Се вчитува...