Пирло изненадува: Роналдо само резерва на дербито со Лацио

Јувентус вечерва го пречекува Лацио во нова дерби-пресметка од Калчо-лигата, меч за кој тренерот Андреа Пирло донесе храбра одлука да го остави на клупата за резерви Кристијано Роналдо.

Италијанските медиујми попладнево објавија дека Роналдо се наоѓа на списокот на играчи за дуелот со „лацијалите“, но Пирло не бил најзадоволен од неговото залагање на тренинзите во последните денови. Не е наведено дали станува збор за некоја полесна повреда, но Кристијано вечерашниот меч ќе го почне од клупата и ќе влезе во игра само доколку Јувентус брка резултат во второто полувреме.

Во ситуација кога повреден е и Дибала, тренерот на Јуве е принуден за тандемот Кулушевски – Мората во нападот, па интересно ќе биде да се види дали „старата дама“ со ваков состав ќе успее да го скрши отпорот на „лацијалите“.

Добра вест за Пирло е што Квадрадо, Артур и Бонучи ги надминаа проблемите со повредите и ќе бидат во комбинација за настап од првата минута против Лацио.

Се вчитува...