Пирло ја пронајде причината за поразот: Полошо од ова не може!

За време на своетот деветгодишно владеење во Италија, Јувентус имаше и лоши натпревари и болни порази, но последниот од Интер е, и тоа како, загрижувачки.

Андреа Пирло главната причина за поразот ја пронајде во слабиот пристап и недостатокот на желба да се одигра добар натпревар и стигне до победа.

„Од почетокот имавме погрешен пристап. Кога на вакви натпревари недостасува желба да се добијат дуели, тогаш е тешко да дојдете до победа. Бевме премногу пасивни и кога не си агресивен тогаш нема на што да се надеваш. Натпревар кој не го очекувавме. Полошо од ова не можевме да одиграме“ – истакна Пирло по синоќешниот дуел.

Се вчитува...