Пирло: Јуве има шанси, сите веруваме во освојување на скудето

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, верува дека неговиот тим е сè уште конкурентен во борбата за скудетото. Јувентус направи кикс во Верона, откако во саботата вечерта одигра реми (1: 1), па се’ повеќе заостанува зад водечкиот Интер, но Пирло верува дека „старата дама“ има и понатаму шанси да ја освои титулата на Серија А.

Следниот предизвик на тимот од Торино ќе биде Специја, а Прило верува дека токму овој натпревар ќе послужи за враќање во форма на неговите играчи.

“Специја игра добро оваа сезона и тоа ќе биде многу тежок натпревар. Тие постигнаа одлични резултати против големи екипи. Ние мора да продолжиме да се бориме за скудетото. Мораме да играме интензивна игра од самиот почеток. Ќе се обидеме да ги исправиме грешките од претходните натпревари и да победиме“, рече Пирло.

Андреа изјави дека Федерико Киеса нема да се користи како втор напаѓач покрај Кристијано Роналдо.

“Киеса не го замислувам како втор напаѓач. Нема играчи како него во тимот, тој игра добро на својата позиција и затоа нема да промениме ништо. Утре ќе ја процениме состојбата на Алваро Мората и ќе видиме дали ќе биде на клупата за резерви. Ние веруваме во титулата, не би го кажа ова ако навистина не верувам во освојување на титулата. Знам дека сите во тимот веруваат дека можеме да бидеме шампиони”, заклучи тренерот на Јувентус.

Се вчитува...