Пирло: Милан и Интер се фаворити за освојување на титулата

Јувентус доживеа вистински срам откако на домашен терен загуби од Фиорентина со 0-3. Тренерот на „старата дама“ Андреа Пирло вели дека фаворитската улога сезонава им ја препушта на двата тима од Милано, Интер и Милан.

„Влегов во натпреварот со лош став, а кога ќе го направиш тоа тогаш си во проблем. Не бевме сконцентрирани и кога е така нормално е да загубиме. Чувствувам дека сме силни, но сметам дека Милен и Интер се подобри од нас. Не можам да ве лажам дефинитивно тие се фаворити за титула“, изјави Пирло. 

Јувентус првиот натпревар во новата година ќе го игра на 3. јануари против Удинезе на нашиот Илија Нестороски.

Се вчитува...