Јуве не простува, нов удар за Дибала

Пауло Дибала би можел скапо да плати за прекршувањето на правилата за време на пандемијата на коронавирусот затоа што беше на забава кај неговиот соиграч Вестон Мекени.

Имено, полицијата минатата недела ја прекина забавата во куќата на американскиот фудбалер и ги казни сите присутни за кршење на правилата што се во сила веќе некое време поради светската панедмија.

Меѓу гостите беше и Дибала, па овој потег скапо ќе го чини. Имено, Јувентус е лут на своите играчи кои веднаш беа суспендирани и не се во конкуренција за натпреварите на овој тим. Но, тоа не е сè затоа што челниците на клубот одлучија да ги прекинат преговорите со Дибала околу новиот договор и да ја повлечат претходната понуда.

Договорот на Дибала истекува летото 2022 година, а тој заработува 7,5 милиони евра по сезона. Јувентус му понуди континуирана соработка и плата од десет милиони евра годишно, но поради неодамнешните настани решија да стопираат сè.

Аргентинецот сега е на чекор до напуштање на „Алијанц“ стадионот, а со оглед на фактот дека договорот му истекува во 2022, јасно е дека Јуве ќе инсистира на негова продажба во текот на летото.

Се вчитува...