Пирло остана без двајца првотимци пред дербито со Интер

Првото полувреме од мечот Јувентус – Сасуоло му донесе два огромни проблеми на домашниот стратег Андреа Пирло, кој во рок од десетина минути остана без услугите на двајца првотимци.

Прв настрада американскиот репрезентативец Мекени, кој го истегна мускулот и мораше да биде заменет со Арон Рамзи. Нешто подоцна на теренот остана да лежи и Пауло Дибала, кој одзеде топка во сопствената половина, но настрада во контактот што следеше, жалејќи се на болка во пределот на коленото. И двајцата мораа предвреме да го завршат натпревар, а трагедијата можеше да биде уште поголема откако Обијанг брутално стартуваше врз Киеза, по што крилниот офанзивец остана неколку минути да лежи на теренот. Обијан доби црвен картон, а Киеза за среќа мина без скршеница и можеше даа го продолжи мечот.

Проблемите за Пирло се уште поголеми ако се знае дека Јувентус во следното коло го очекува големото дерби со Интер, и тоа на гостински терен на „Џузепе Меаца“, каде без Дибала и Мекени шансите за успех на тимот на Пирло значително се намалуваат.

Се вчитува...