Пирло се оцени: Знам дека морам подобро, оваа сезона ја положив со скромна „6“

Легендарниот Андреа Пирло посочи дека е свесен за нови промени во тимот и треба да стори повеќе како тренер на Јувентус, па својот досегашен учинок на клупата на Торино го оцени со број шест.

Пирло ја презеде „Старата дама“ на почетокот на август минатата година, а тој го потпиша договорот за соработка до јули 2022 година.

„Секој тренер чувствува дека мора да се докажува секој ден. Јас особено, бидејќи ова е мојата прва тренерска работа. Јас би си дал шестка за сезоната досега, ако оценките бидат до десет. Знам дека треба да направам повеќе. Кога нема резултати, тренерот прво ја презема одговорноста“, изјави Пирло.

Јувентус во неделата ја совлада Џенова со 3-1. Торинскиот тим во моментов е трет на табелата во Серија А со 12 бода помалку од водечкиот Интер.

Во Лигата на шампионите, Јувентус го заврши натпреварувањето во осминафиналето откако беше елиминиран од Порто.

Се вчитува...