Пирло се спаси: Супер-гол на Дибала, Јуве го победи Наполи, 15 минути за Елмас… (ВИДЕО)

Андреа Пирло си го зачува, засега, тренерското столче во Јувентус откако ја доби дерби-пресметката со Наполи во Серија А. „Старата дама“ триумфираше со 2-1 во натпревар во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути за „наполитанците“.

Јувентус до предност дојде со голот на Кристијано Роналдо уште во 13. минута…

 

Дибала постигна прекрасен погодок во 73. минута најавувајќи ја победата на својот тим.

Juventus [2] – 0 Napoli – Paulo Dybala 73′ from r/soccer

Наполи успеа само да ублажи поразот со голот на Инсиње од пенал во 89. минута. Елиф Елмас во игра влезе во 76. минута на местото на Мертенс.

И Интер си ја чува предноста на врвот во Серија А, откако со 2-1 славеше против Сасуоло. Стрелци на головите за „нераѕурите“ беа Лукаку во 10. минута и Мартинез во 67. минута.

Се вчитува...