Пирло сподели фотографија од Лондон, а описот ја „запали“ фудбалска Европа

Арсенал има катастрофален почеток на сезоната, најлош во последните 67 години. „Топџиите“ по три воведни кола во Премиерлигата немаат бодови и се наоѓаат на последното место од табелата, па ваквиот развој на настаните најверојатно ќе го наплати Микел Артета.

Шпанскиот стручњак е во незавидна позиција, а се чини дека Арсенал веќе размислува за нов тренер.

Наводно, Арсенал и Андреа Пирло се во контакт, а дека ова е така докажува и сликата на Пирло. Легендарниот Италијанец ја сподели сликата на социјалните мрежи со опис „Лондон повикува“.

Фотографијата предизвика лавина коментари, а навивачите на Арсенал го сакаат како тренер. Пирло ја загреа атмосферата со изјава по авантурата во Јувентус.

„Беше комплицирано и феноменално. Чувствата се различни, не заврши како што очекував, но тоа е живот и спорт, ајде да продолжие, време е за нови предизвици”, рече Пирло.

Дали Арсенал ќе биде нов предизвик за Пирло, ќе покаже времето, а повеќе одговори ќе знаеме по репрезентативната пауза, бидејќи следните два натпревари на Арсенал може да бидат клучни за Артета. Првиот е натпреварот со Норич.

 

 

 

Се вчитува...