Пирло: За неколку месеци ќе видите каде сме

Тренерот на Јувентус Андреа Пирло ден по победата на неговиот тим во дербито против Милан вели дека е задоволен од играта.

„Важна работа е духот на екипата, која сака контрола и тоа на меч против лидерот и тоа на неговиот терен. Не не интересираат резултатите на противниците. Го гледаме првенството и се гледаме самите себе. За неколку месеци ќе видите до каде сме стигнати“, изјави Пирло. 

По киксот и на Интер кој загуби од Сампдорија, Јувентус се враќа во играта за титулата во Серија А.

Се вчитува...