Писмо од Олимпијакос: Дозволете да играме заедно во АБА

Додека во регионот се создаваат „кланови“ и се најавува распад на АБА-лигата, раководството на Олимпијакос направи уште еден чекор во обид да добие зелено светло за да стане дел од ова натпреварување.

Грчкиот гигант во изминатиот период водеше интензивни разговори со раководството на лигата, но за вклучување во АБА неопходна ќе биде согласност од сите 12 клубови на Собранието закажано за 24 мај во Бања Лука. Токму затоа, Олимпијакос денеска испрати и официјално писмо до клубовите, барајќи да му биде дозволено да стане дел од „АБА-семејството“.

„По нашето писмо од 7 март 2019 година, сакаме да ве информираме за нашата намера да учествуваме во АБА-лигата и бараме ваш позитивен глас за време на Собранието на АБА. Јасно е дека АБА-лигата во изминатите години направи големи чекори за да се наметне како едно од најпознатите кошаркарски натпреварувања во Европа. Токму затоа, уверени сме дека бренд како Олимпијакос може да биде значајна поддршка за овој проект уште повеќе да добие на квалитет и на реноме“ – се вели во писмото на грчкиот гигант.

 

 

View this post on Instagram

 

Olimpijakos poslao zvaničan zahtev za učešće u ABA, o čemu će odlučiti skupština lige 24.maja #abaliga #olympiacos

A post shared by Vladan Tegeltija (@vladantegeltija) on

Се вчитува...