Пјаниќ го напушта Јувентус поради Роналдо?

Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ сака да го напушти Јувентус и веќе побарал трансфер во Реал Мадрид поради лошиот однос со првата ѕвезда, Кристијано Роналдо, пишува шпанскиот медиум „Дон Балон“. Босанецот сака да го напушти Торино и бидејќи не може да се снајде во начинот на игра што го форсира тренерот Маурицио Сари.

Јувентус веднаш ќе реагира и најверојатно ќе тргне по младиот Сандро Тонали, одличниот играч за врска на Бреша.

Реал Мадрид е подготвен да плати 55 милиони евра за ангажман на Миралем Пјаниќ, но претходно ќе мора да најде начин да се ослободи од Хамес Родригез и од Герет Бејл.

Се вчитува...