Пјаниќ го пропушта дуелот против Лацио

Италијанскиот првак Јувентус нема да може да смета на услугите на босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ ниту на саботниот меч против Лацио во Серија А. Тој се повреди на натпреварот против Олимпијакос во Лигата на шампионите, а се уште не е доволно опоравен за да се појави на теренот на претстојниот меч со „лацијалите“. Неговото враќање се очекува на дуелот против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.

Пјаниќ го пропушти натпреварот со Аталанта, не играше ниту за репрезентацијата на БиХ на квалификациските мечеви против Белгија и Естонија, а лекарскиот тим го соверуваше да го прескокне и Лацио.

Јувентус ќе биде значително ослабен, ако се знае дека нема да настапат и Манџукиќ, Барѕалји, Хаведес, Де Шилјо и Пјаца. Грижите на тренерот Масимилијано Алегри барем малку се намалени со најавите за камбек на Сами Кедира и на Клаудио Маркисио.

Се вчитува...